Фудбалерот на Тотенхем вчера беше шокиран откако со ненамерен старт придонесе Андре Гомеш да заработи повреда која во прашање ја доведува неговата кариера.
Сон заработи исклучување, но тоа не му беше важно кога виде во каква ситуација е Гомеш. Кореецот теренот го напушти шокиран и во солзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Деле Али потврди дека Сон неутешно плачел и во соблекувалната, а Покетино изјави дека неговиот фудбалер е буквално емоционално уништен.
Поради таквата ситуација клубот на Сон му понудил помош од психолог.
Останува да се надеваме дека Гомеш ќе успее да се врати на терените после долгата пауза, но и дека Сон ќе успее да се собере и да продолжи да игра натпревари на своето препознатливо ниво.