Дома Фудбал Сон во солзи се прости со Жозе: Тешко ми е што само со нас не освои ништо

Сон во солзи се прости со Жозе: Тешко ми е што само со нас не освои ништо

Жозе Мурињо е нов тренер на Рома, легендарниот Португалец неодамна доби отказ во Тотенхем, но не чекаше долго на нов ангажман.

Мурињо во својата кариера единствено со Тотенхем не успеа да освои ништо. Сон Хеунг Мин, еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем денес имаше интервју за клупската страница и со солзи се прости од Жозе.

„Толку е тажно што си замина без успех. Тоа е човек кој освои се. Ние сме единствениот тим во кој немаше голем резултат и поради тоа ми е навистина тешко. Сепак, за мене секогаш ќе биде еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем врза три победи, Палас потона по црвениот картон на Матета

Тотенхем со 2-0 го совлада Кристал Палас и се искачи на осмото место, додека гостите влего…