Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.
24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Манчестер Јунатед сметаат дека тој ќе биде идеален партнер на Бруно Фернандеш бидејќи двајцата беа соиграчи во Спортинг Лисабон.
Меѓутоа, Јунајтед треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажува и Ливерпу.
Лидс за потписот на Рафиња минатото лето плати 20 милиони евра, а неговата цена оваа сезона значително порасна.