Дома Фудбал Англија Солскјер со порака до раководството: Ни требаат засилувања

Солскјер со порака до раководството: Ни требаат засилувања

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер испрати јасна порака до сопствениците на клубот.

Манчестер Сити вчера и официјално ја освои титулата во Премиер лигата, а Солскјер му порача на раководството дека се потребни квалитетни засилување за да се бори со „граѓаните“.

„Се разбира дека ако сакаме да се бориме со Сити, потребно ни е засилување на тимот“, истакна Солскјер.

„Честитки за Манчестер Сити кој одигра фантастична сезона. Јас сум многу задоволен од моите играчи, бидејќи пред нас е само Сити, кој е сметан за најдобар во Европа. Имаме потреба од неколку квалитетни фудбалери за да стигнеме на нивното ниво“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …