Дома Фудбал Англија Солскјер: Санчез ќе се врати и ќе ви покаже дека грешите

Солскјер: Санчез ќе се врати и ќе ви покаже дека грешите

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер најави враќање на Алексис Санчез во клубот.

Она што англиските медиуми го најавуваа го потврди Солскјер. Алексис се враќа во Јунајтед, но не овој месец, туку на лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Алексис ќе се брати на лето и ќе ви покаже на сите дека грешите“, изјави на денешната прес-конференција Солскјер мислејќи на новинарите кои го критикуваат Чиленецот од момент кога дојде во Јунајтед.

Санчез во овој момент е на позајмица во Интер каде што не се наигра поради повреда. Од почетокот на сезоната одигра само седум натпревари и постигна еден гол.

Овој 31 годишен напаѓач ќе се врати на „Олд Трафорд“ и повторно ќе игра во клубот со кој има договор со 2022 година без оглед на тоа што ќе се случи во Серија А до крајот на сезоната.

Навивачите на Јунајтед се надеваа дека Санчез може да биде вратен во јануари поради повредата на Рашфорд, но од тоа нема да има ништо. Треба да се каже и дека постојат навивачи кои не сакаат Санчез да се врати поради лошиот период во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…