Вчера Манчестер Јунајтед се спаси од пораз против Аталанта, а повторно херој на „црвените ѓаволи“ беше Оле Гунар Солскјер.
Роналдо постигна два гола и дојде до бројката од 127 гола во дресот на Манчестер Јунајтед, за еден гол го надмина неговиот сегашен тренер кој е на 126.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Роналдо е неверојатен, тој е човекот кај кого сакате да биде топката во последните минути затоа што зборуваме за најдобриот голгетер кој постои. Роналдо е како Мајкл Џордан во Чикаго, таков беше моментот со вториот гол вчера. Никој не смее да го доведе во прашање карактерот на овие фудбалери, никогаш не се предаваме, верувам дека со ваквиот однос и подобрите резултати ќе дојдат“, изјави Солскјер.