Дома Фудбал Англија Солскјер: Разочаран сум,треба да се погледнете во огледало

Солскјер: Разочаран сум,треба да се погледнете во огледало

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го коментираше поразот од Кристал Палас со 1:3 во второто коло од Премиер лигата.

Солскјер е разочаран од исходот, но признава дека Кристал Палас ги заслужил бодовите на „Олд Трафорд“.

„Тие ги заслужуваат бодовите. Денес имавме настап кој ретко го гледате од овој тим. Ние мора да се погледнеме во огледало. Секој знае дека можеме да играме подобро“, изјави Солскјер.

„Мислам дека беше јасно видливо дека сме надвор од форма и мораме да се кренеме брзо. Овие три бода беа посакувани и потребни. Иако има уште 37 натпревари до крајот, ова повикува црвени знамиња. Подготовките беа кратки, но ова е реалноста, па нема оправдување. Сите знаат дека можеме да се прикажеме во подобро светло“, додаде тренерот на „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…