Манчестер Јунајтед беше еден од клубовите кои учествуваа во формирањето на Суперлигата која брзо се распадна.
По сите случувања Ед Вудворд објави дека заминува на крајот од сезоната, а идејата за пропаѓање на Суперлигата му се допаднала на Оле Гунар Солскјер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Концептот на Суперлигата не ми се допадна, се мора да биде базирано на спортски успех. Не може на некого да му доделите место во Европа поради неговото име и големина, тоа мора да се заслужи без разлика што имате зад вас. Секоја сезона е различна. Среќен сум што клубовите ја признаа грешката и се вратија на старото“, изјави Солскјер.
Ќе потсетиме, Вудворд во Суперлигата требаше да биде потретседател заедно со Андреа Ањели од Јувентус.