Манчестер Јунајтед може да жали после поразот од Астон Вила, најмногу поради фактот што Бруно Фернандеш промаши пенал во судиското продолжение.
Португалецот можеше да им донесе бод на „црвените ѓаволи“, но шутираше високо над голот, а многумина се прашуваат зошто одговорноста не ја преземал Кристиано Роналдо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бруно е одличен во изведувањето на пенали, но овој пат за жал промаши. Тој е доволно силен психички за да шутира пенал повторно. Одлуката за тоа кој ќе изведе пенал ја донесов пред натпреварот“, изјави Солскјер.
Норвежанецот, исто така, се пожали на судњето и смета дека требало да биде поништен голот на Астон Вила поради офсајд.