Дома Трансфер зона Солскјер за одбраната има две (не)реални мети од Серија А

Солскјер за одбраната има две (не)реални мети од Серија А

Oле Гунар Солскјер сака стабилна одбрана на „Олд Трафорд“.

Солскјер покрај одличните резултати го чека сериозна работа наредната сезона доколку остане на клупата на Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво што ќе мора да поправи е одбраната на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетен стопер и стандарден десен бек.

Споре пишувањето на „Тутомеркато“ Англичаните ги избрале метите, но тие не се воопшто лесни и ќе мораат „дебело“ да платат.

Изборот паднал на Калид Кулибали од Наполи и Жоао Кансело кој ги брани боите на Јувентус.

За стоперот кој прикажува одлични настапи на „Сан Паоло“ „црвените ѓаволи“ би требало да платат околу 100 милиони евра, додека за Португалецот нешто помала сума.

Кулибали се поврзува со голем број европски клубови. Во текот на летото беше блиску до Барселона, додека Кансело засега претходно не се појавиле гласини за заминување и тешко е да се верува дека Јувентус ќе го пушти Португалецот да си замине.

Кансело во Торино пристигна ова лето од Валенсија откако претходно една сезона одигра на позајмица во Интер. Клубот од Милано не беше во можност да го откупи неговиот договор, па тоа го направи „старата дама“ за сума од 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…