Дома Трансфер зона Солскјер е спремен да оди и против трансфер политиката на Јунајтед за Манџукиќ

Солскјер е спремен да оди и против трансфер политиката на Јунајтед за Манџукиќ

Oле Гунар Солскјер е спремен да ја прекрши трансфер политиката на Манчестер Јунајтед за да го засили нападот на својот тим.

Повредите на Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал го доведоа Јунајтед во незгодна позиција и клубот нема вистински напаѓач освен 17 годишниот Мејсон Гринвуд., додека замена за Лукаку кој се пресели во Интер клубот не доведе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиски „Метро“ пренесува дека Солскјер е спремен да оди против правилата на клубот кој преферира млади играчи посебно во нападот и да го доведе 33 годишниот напаѓач. Хрватскиот напаѓач ќе биде примарна мета за „ѓаволите“ во зимскиот преоден рок.

Головите се голем проблем за англискиот гигант за оваа сезона. Постигнаа само девет од кои четири беа одигра и тоа против Челзи на отварањето во август. Дефинитивно оваа сезона го гледаме еден од најлошите тимови на Јунајтед во нивната историја.

Манџукиќ уште во текот на летото требаше да дојде на „Олд Трафорд“, но Јувентус и Манчестер Јунајтед не успеаа да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …