Норвешкиот стратег, Оле Гунер Солскјер најверојатно ќе го води Манчестер Јунајтед и после 2022 година, до кога му истекува актуелниот договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува „ЕСПН“, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се задоволни од неговата работа и се спремни да му понудат продолжување на соработката.
Одлуката е веќе донесена и на Солскјер ќе му биде понуден нов договор, без разлика дали сезоната ќе ја заврши со освоен трофеј.
Актуелниот договор на Солскјер истекува во јуни 2022 година, а не се познати финансиските детали од новиот договор.
Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на 3-то место на табелата, а оваа сезона се второпласирани во Премиер лигата и се во четвртфиналето од Лига Европа.