Дома Топ вести Солскјер го нуди Погба за да го добие Де Лихт

Солскјер го нуди Погба за да го добие Де Лихт

Пол Погба најверојатно ја игра последната сезона во Манчестер Јунајтед и се погласни се шпекулациите дека може да се врати во Јувентус на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Погба и минатото лето беше на излезна врата, а сега „црвените ѓаволи“ нема да му стојат на патот и се спремни да го пуштат.

Полседните информации од Островот се дека Солскјер сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе еден од најдобрите млади дефанзивци во Европа.

Имено, Манчестер Јунајтед е спремен да го испрати Погба во Торино и за возврат да го добие Матијас де Лихт.

Двајцата фудбалери имаат ист менаџер, Мино Раиола, но тешко е да се поверува сека „бјанконерите“ ќе се откажат од младиот дефанзивец за кого пред една година платија 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…