Манчестер Јунајтед најверојатно ќе биде доста активен во следниот трансфер период.
Медиумите во Англија се убедени дека Оле Гунар Солскјер дополнително ќе ја засили екипата во текот на летото за да биде конкурентен во борбата за титулата, па така се повеќе се шпекулира за потенцијалните засилувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од желбите на норвешкиот стратег е и 27-годишниот дефанзивец Томас Муние. „Црвените ѓаволи“ се во потрага за нов десен бек, бидејќи ќе останат без Валенсија чиј договор истекува, а изборот неодамна падна на Белгиецот чии скаути од „Олд Трафорд“ го пратат во текот на целата сезона.
Воодушевени се од она што го гледале, па му дале најдобри препораки на Солскјер, кој ќе направи се за да го доведе Муние, иако тоа нема да биде ниту лесно, бидејќи во игра за неговиот потпис се уште многу европски гиганти.
Муние од 2016-та година го носи дресот на ПСЖ, а пред да дојде на „Паркот на принцовите“ играше во Белгија за Бриж и РЕ Виртон. За репрезентацијата на Белгија до сега настапи на 36 натпревари.
Се очекува Манчестер Јунајтед ова лето да направи реконструкција на одбраната, а покрај десен бек приоритет ќе биде и доведување на централен дефанзивец.