И вчера и денес во пресрет на почетокот на мечот во осминафиналето во ЛШ беше оддржана една минута молк во чест на Давиде Астори, фудбалерот на Фиорентина кој во неделата во пресрет на мечот со Удинезе е пронајден мртов во својата соба како последица од срцев удар.
Особено емотивно беше вечерва на „Вембли“, каде играат Тотенхем и Јувентус. Играчите на Јувентус, некои од репрезентативните соиграчи на починатиот капитен, не можеа да ги сопрат солзите во текот на оддавањето почит на Астори, а навивачите на Тотенхем на крајот со голем аплауз го испратија несреќниот Италијанец во вечноста. Беше емотивно, но и величествено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Погледнете во продолжение
Wembley falls silent as a mark of respect for Davide Astori ? pic.twitter.com/jmD1Mvdv5i
— Football on BT Sport (@btsportfootball) March 7, 2018