Шпанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Шпанија и фудбалер на Валенсија, Карлос Солер ќе биде замена за Френки Де Јонг во Барселона ако Холанѓанецот замине.
Познатиот новинар Жерар Ромеро кој важи за еден од најсигурните извори од Каталонија пренесува дека дека Солер веќе ги известил луѓето од неговото блиску опкружување дека ќе се пресели во Барселона ако Де Јонг замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Де Јонг е на мета на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг го убедува да му се придружи, меѓутоа наводно Холанѓанецот повеќе би сакал да се пресели во Сити, Баерн или ПСЖ за да биде конкурентен во Лигата на шампионите.
Солер не е скапа опција затоа што влегува во последната година од договорот со Валенсија која се наоѓа во финансиски проблеми и ќе мора да ги продава своите најдобри играчи.
Ќе потсетиме, Барса веќе го договори Кеси кој ќе пристигне како бесплатно засилување.