Дома Фудбал Останато Соиграч на Ибра го откри неговиот говор по еден пораз: Имам 300 милиони и остров ова не ми треба!

Соиграч на Ибра го откри неговиот говор по еден пораз: Имам 300 милиони и остров ова не ми треба!

Златан Ибрахимовиќ беше вистинска ѕвезда во МЛС лигата.

Шведскиот напаѓач одигра две добри сезони за ЛА Галакси во САД и често поради своите потези се наоѓаше во центарот на вниманието. Меѓутоа Ибра не беше секогаш задоволен од своите колеги. Неговиот поранешен соиграч Жоа Педро откри дека Ибрахимовиќ после поразот од Хјустон Динмо (3:2) 2018 бил исклучително лут.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„На крајот од натпреварот Ибра одржал говор. Застана и ни кажа: Ако сте дошле тука на плажа или да се прошетате до Холивуд само кажете ми. Јас имам 300 милиони на смета и сопствен остров ова навистина не ми треба.“, откри Педро дел од зборовите на Швеѓанецот.

Ибрахимовиќ постигна 52 гола на 56 настапи за Галакси и самиот себе се смета за најдобар играч кој некогаш играл во МЛС.

„Правев неверојатни работи. Не се шегувам, себе се сметам за најдобар играч во МЛС“, изјави во една прилика Ибрахимовиќ.

Ќе потсетиме Ибрахимовиќ по ЛА Галакси се врати во Европа во дресот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …