Дома Трансфер зона Совет за Јунајтед од Фердинанд: За него овие тројца се идеални засилувања

Совет за Јунајтед од Фердинанд: За него овие тројца се идеални засилувања

Потенцијалните засилувања на Манчестер Јунајтед се честа тема на островските медиуми, сега за тоа зборуваше Рио Фердинанд.

Во последниот период Манчестер Јунајтед се поврзуваше со Калид Кулибали, Џајдон Санчо и Саул Нигез. Рио Фердинанд смета дека ако Јунајтед навистина има намера да ги доведе овие тројца не треба да се откажува.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Знам дека многу се шпекулира и за Хари Кејн, но ако мене ме прашувате јас сум повеќе за Санчо. Тој знае да додаде малку свој „зачин“ во секоја акција, тоа е она што му е потребно на Јунајтед во овој момент“, смета Рио.

Борусија пред кризата не сакаше да слушне да го продаде Санчо за сума помала од 150 милиони евра, ќе видиме како ќе биде сега. Фердинанд е убеден и дека Санчо ја заслужува „седмицата“ кој на „Олд Трафорд“ ја носеа играчи како Кантона, Бекам, Роналдо…

„Да, без дилеми би му ја дал „седмицата“ бидејќи го има тој карактер. Ја има таа доза на ароганција која мене ми се допаѓа.

Калид Кулибали веќе неколку преодни рока се поврзува со Јунајтед уште пред да биде доведен Мегваер и изгледа во Јунајтед сакаат да создадат ваков тандем во одбраната. Според Фердинанд и Саул Нигез може да биде играч од голема корист во средниот ред, тој би бил во тандем со Бруно Фернандеш кој во неколку натпревари за овој клуб кои ги одигра пред прекинот покажа дека ќе биде супер засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…