После подолго време Оле Гунар Солскјер во Јунајтед може да смета на двајцата први напаѓачи, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал.
Двајцата и тоа како му недостасуваа на Јунајтед и можеше да се забележи дека Јунајтед без нив има проблеми со реализацијата. Меѓутоа нивното враќање не значи дека Солскјер ќе се откаже од намерата да го засили нападот во јануари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Манчестер Јунајтед во последниот период најмногу се поврзуваше напаѓачот кој е на излезни врати од Јувентус, Марио Манџукиќ. Меѓутоа сега легендата на англискиот фудбал, Пол Инс го советува Солскјер место Манџукиќ да го доведе Златан Ибрахимовиќ,
„Враќањето на Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ би било полн погодок за сите. Освен што многу ќе значи на теренот, Ибра има огромно влијание на помладите играчи кои ќе можат да учат од еден од најдобрите голгетери кои сме ги виделе на фудбалскиот терен. Јунајтед има потреба од играч кој ќе биде лидер и на теренот и на соблекувалната, Ибра совршено одговара на овој опис. Зошто место Манџукиќ не се обидат да го доведат него?“, порача Инс.
Ќе потсетиме сезоната во МЛС лигата за Ибрахимовиќ заврши со елиминацијата на Галакси во плеј-офот и очекувањата се бидејќи завршува и договорот на Ибрахимовиќ тој да ја промени средината.