Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу го очекува гласање за недоверба со што може да дојде до предвремен крај на неговото владеење на каталонскиот гигант.
Бартомеу нема да се кандидира на изборите во Барса во март 2021 година, но сега група на членови на клубот со име „ Mes Que una Mocio“ (Повеќе од движење) собра 20.687 потписи за предвремено гласање, а им беа потребни 16.520.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гласањето ќе се одржи веднаш откако клубот ќе ги завери сите собрани потписи. На рефендумот доколку две третини од гласовите бидат за заминување на Бартомеу, тој ќе биде сменет и членовите веднаш ќе закажат нови избори.
Виктор Фонт, поранешниот претседател Жоан Лапорта, Жорди Фаре и Луис Фернандез се четирите кандидати, и се верува дека четворицата се потпишале на петицијата.
Потписите за недоверба на Бартомеу почнаа да се собираат веднаш откако најголемата ѕвезда Лионел Меси отворено ја нападна неговата работа.
? Presentadas 20.731 firmas de socios para el voto de censura
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) September 17, 2020
?️ Los promotores superan los 16.520 avales necesarios aunque deberán ser validados en los próximos días https://t.co/2A7IX5jmwl pic.twitter.com/YXGtWGYxED