Дома Македонски спорт Собранието на ФФМ започна: Присутни 52 од 96 делегати

Собранието на ФФМ започна: Присутни 52 од 96 делегати

Денес се одржува Изборното собрание на ФФМ на кое Муамед Сејдини како единствен кандидат ќе биде реизбран за претседател на ФФМ.

Собранието е со ептен тенко мнозинство од 52 делегати од вкупно 96. Ова собрание на ФФМ поминува со многу контроверзии како и претходното во 2019 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ОФС Тетово, ОФС Кочани, ОФС Струмица се општинските сојузи кои го бојкотираа собранието, а исто така и голем дел од клубовите меѓу кои и актуелниот шампион Шкендија преку официјално соопштение се изјаснија дека не го признаваат.

Вчера Агенцијата за млади и Спорт излезе со соопштение во кое порача дека не го признава ова изборно собрание, но и покрај тоа денес на собранието е присутен Авни Рустеми кој е заменик директор. Ќе видиме дали после ова ќе има нова реакција од АМС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…