Дома Фудбал Италија Смолинг се враќа во Манчестер, со емотивна порака се прости од Рома

Смолинг се враќа во Манчестер, со емотивна порака се прости од Рома

Рома и Манчестер Јунајтед не успеаа да постигнат договор со трансфер на Крис Смолинг, па дефанзивецот се враќа на „Олд Трафорд“ откако му истече позајмицата.

Смолинг одигра одлична сезона на „Олимпико“ и Рома се обидуваше да го задржи, но не успеа да постигне договор со Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот денес со емотивна порака се прости од „волчицата“ не криејќи дека е разочаран од развојот на ситуацијата.

„Разочаран сум што не можам да ја завршам сезоната која ја започнавме. Искуството и љубовта која ја добив за  краткото време овде беа екстра специјални и никогаш нема да ги заборавам. Сакам да се заблагодарам и да им посакам на сите играчи и стручен штаб се најдобро против Севиља“, истакна Смолинг.

За Смолинг интерес покажуваат неколку италијански клубови, а „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…