Дома Останати Смена на врвот во женскиот тенис: Од понеделник таа е број еден на ВТА листата

Смена на врвот во женскиот тенис: Од понеделник таа е број еден на ВТА листата

Чешката тенисерка Каролина Пчишкова од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата. Плишкова во второто коло загуби од Магдалена Робарикова.

Плишкова, иако настапот на Вимблдон го заврши во второто коло, ќе биде прва на ВТА лисата бидејќи Романката Симона Халеп не успеа да стигне до полуфиналето. Тенисерката од Чешка ќе биде 23-та која се искачила на врвот на ВТА листата во опен ерата.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Халеп во три сета го загуби четвртфиналниот меч од Џоана Конта.

Плишкова е првата тенисерка од Чешка откако во 1975 година е воведено компјутерското бодување. Мартина Навратилова е родена во Чешка, но таа број 1 стана во 1978 година кога ги бранеше боите на САД. Плишкова игра исклучително добро сезонава, таа од почетокот на годината има освоено четири титули.

Чехињата е шестата тенисерка која ќе биде број 1 иако во кариерата нема освоено гренд слем титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Французите шокирани: Рубљов збесна како никој претходно во Париз

Рускиот тенисер Андреј Рубљов вчера изненадувачки беше елиминиран на Ролан Гарос од Италиј…