Вчера Македонија забележа убедлива победа против Лихтенштајн oд 5:0, меѓутоа денес главна тема во македонската јавност е прославата на голот на Илија Несторовски.
Нестор и на стори и во изјава за нашиот сајт веднаш по натпреврот порача дека неговата реакција била упатена кон три личности кои го навредувале и му се заканувале.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Намената беше за 3 личности кои ми се закануваа и ме навредуваа мене и мојата фамилија…Се можам да преминам, но некој да ми ги навредува моите најмили никогаш. Тие личности добро знаат кои се“, гласеше неговата изјава.
И да тешко е како јавност тоа да се прифати, порака кон камера обично се однесува до публиката, но ајде денес со ладна глава да ја погледнеме ситуацијата и да се ставиме на негово место.
Дека Нестороваски не е во форма во последно време, не е и тоа не може да се оспори. Баш поради таа лоша форма и критиките кои ги добиваше најголемиот дел од јавноста се стави на местото кон кого е упатена пораката, веројатно ако Нестор беше во форма никој немаше да помисли дека тоа се однесува кон критичарите и публиката.
Да се ставиме на негово место, некој ги навредува и се заканува на вашите најблиски, вие сте јавна личност и имате можност јавно да му се обратите. За секој фудбалер, посебно напаѓач, гол е нешто посебно секогаш во тој момент ве понесува посебна еуфорија, па сме биле сведоци како и многу големи ѕвезди во такви моменти реагирале непромислено.
Најсвеж пример може да биде Роналдо. Во натпреварот против Србија Роналдо незадоволен од судиската одлука ја фрли капитенската лента на земја. Дали тоа може да се сфати како непочитување на својата нација? Секако дека може.
Потегот никако не е за на спортските терени, меѓутоа секој може да има момент кога поради некоја причина, посебно ако тоа ги засега вашите најблиски од наплив на емоции да реагира бурно.
Затоа не е време сега да се напаѓаме едни со други за некоја „жолта минута“, доаѓа Европското првенство, да го поддржиме Несторовски затоа што поддршката на секого му е потребна, а само расположен Нестор ќе биде од корист на Македонија! Никој од нас не може да знае што на некого му се случува во приватниот живот, луѓе сме не сме роботи и имаме емоции…