Дома Останати Тенис Случајот не е затворен: Синер сепак може да биде суспендиран?!

Случајот не е затворен: Синер сепак може да биде суспендиран?!

Првиот светски рекет, Јаник Синер е во центарот на вниманието поради допинг скандалот. Изгледаше дека случајот е завршен, но сега пристигнуваат информации кои говорат дека драмата може да продолжи.

Младиот Италијанецот двапати бил позитивен на стероидот клостебол, меѓутоа АТП вината ја префрли на неговиот физиотерапевт Џакомо Налди кој користел крема со таа супстанца. Наводно, тој при масажата го контаминирал и телото на Синер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светската допинг агенција информираше дека и понатаму случајот се истражува.

„Како и што секогаш правиме, вниманително ќе ги истражиме сите документи и го задржуваме правото да се жалиме на одлуката“, порача претставникот на Светската антидопинг агенција за „Газета дело спорт“.

ВАДА има рок од 21 ден да приложи жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана каде што треба да се разгледа овој случај. Рокот истекува на 6. септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…