Дома Останати Кошарка Словенците стравуваа: Дончиќ заменет поради повреда 🎥

Словенците стравуваа: Дончиќ заменет поради повреда 🎥

Најголемата ѕвезда на Словенија, Лука Дончиќ поради повреда предвреме го заврши пријателскиот натпревар со Германија кој Словенците го загубија со 88:77.

Повредата на Дончиќ ги загрижи сите во Словенија кои со нетрпение го очекуваат настапот на репрезентацијата на Мундобаскетот. Дончиќ беше во дуел со Јоргос Папајанис и во еден момент се фати за ногата и го напушти теренот.

По тој момент Дончиќ повеќе не се врати. Во таборот на Словенија стравуваа дека можеби ќе бидат без првата ѕвезда на Мундобаскетот, но набрзо стигна известување дека тренерот на Словенија го заменил Дончиќ превентивно и тој ќе продолжи нормално со тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…