Словенечкиот ракометен Горење Велење следната сезона нема да биде учесник во регионалната СЕХА лига. Поради помладување на составот, но и враќањето за настап во регуларниот дел од словенечкиот шампионат
„Горење Велење сака да посочи дека беше многу задоволна од организацијата и настапите во регионалната СЕХА-лига во изминатите две сезони, но главната промена која не спречува да ја продолжиме соработката е националното првенство, па со враќањето во домашното првенство по одлука на здружението на клубови ќе имаме 22 натпревари повеќе. Со овој играчки кадар, за жал не можеме да одговориме да играме на четири фронтови, па затоа следната сезона нема да играме во СЕХА лигата. Имаме многу позитивно искуство од настапот во изминативе две сезони, па се надеваме дека во иднина пак ќе имаме шанса за настап“, објави словенечкиот клуб на својата интернет-страница.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓