Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Славонски Брод славеше со пиво – плаќа Манџукиќ (видео)

Славонски Брод славеше со пиво – плаќа Манџукиќ (видео)

Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ израдува илјадници навивачи во родниот град Славонски Брод синоќа за време на натпреварот со Русија на Мундијалот.

Имено, фудбалерот на Јувентус дал 25.000 куни (околу 3.500 евра) за пиво за сите приврзаници кои се собрале во тамошната фан-зона да го гледаат четвртфиналниот дуел.

Манџукиќ играше за два клуба од Славонски Брод – Железничар и Марсонија, пред да се пресели во Загреб на 19-годишна возраст.

Градот кој има околу 60.000 жители синоќа со пиво го прослави пласманот во полуфинале на „коцкестите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Умтити без дилема: „Кој треба да ја освои Златната топка? Мбапе!“

Поранешниот француски репрезентативец Самуел Умтити нема дилема околу тоа кој треба да ја …