Дома Фудбал Репрезентации Славното семејство Гудјонсен против Македонија го доби третиот стрелец

Славното семејство Гудјонсен против Македонија го доби третиот стрелец

Aндри Гудјонсен, синот на легендарниот Еидур Гудјонсен кој своевремено играше за Челзи и Барселона вчера во натпреварот против Македонија го постигна својот деби гол.

Иако имавме предност од 0:2 Исланд успеа во финишот да постигне два гол и да извлече реми. Еден од головите беше дело на Андри. Тој го постигна голот за 1:2.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неговиот гол привлече внимание затоа што тој е третиот од славното семејство кој постигнува гол во дресот на исландската репрезентација. Пред него голови постигнаа неговиот дедо Арнор кој во националниот дрес постигна 14 голови. Таткото на Андри, Еидур е најдобриот стрелец во историјата на исландската репрезентација со 26 гола.

Инаку, Андри е член на младинците на Реал Мадрид и голем талент од кој Исланд многу очекува во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…