Словенскиот интернационалец Сташ Скубе го продолжи договорот со Вардар, и во наредните три години ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вардар му понуди нов договор на организаторот на играта, а Скубе реши да му остане верен на европскиот шампион, па стави потпис на договор до 2022 година.
„Навистина сум среќен дека ќе го носам овој дрес уште три години! Ќе се борам за нашите цели до крај!“, изјави Скубе.
Скубе дојде на почетокот на сезоната и веднаш се наметна како една од важните алки во играта на Вардар. Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата.