Дома Фудбал Италија Скриниар ја затвори вратата за трансфер: Спремен сум да останам во Интер долги години!

Скриниар ја затвори вратата за трансфер: Спремен сум да останам во Интер долги години!

Дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар истакна дека е спремен уште долги години да остане во Милано и да го носи дресот на „нероаѕурите“.

Скриниар во последните две сезони се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти, сепак Словакот тврди дека е среќен во Интер и не размислува за трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имам фантастичен однос со фановите на Интер. На почетокот не беше така, бидејќи кога пристигнав не ме познаваа многу. На последниот меч на Сан Сиро целиот стадион ми аплаудираше кога без заменет. Тоа беше фантастична емоција за мене“, истакна Скриниар.

„Нормално дека сакам да освојувам трофеи. Сон на секој фудбалери е да ја освои Лигата на шампиони. Ќе биде фантастично ако успеам тоа да го направам со Интер. Ако се случи тоа ќе го додадам името на клубот до моето, ќе бидат Милан Интер Скриниар. Мојата цел е долги години да го носам дресот на Интер“, додаде Скриниар и на крајот откри кои се најдобрите дефанзивци според него.

„Според мене најдобри дефанзивци на светот се Серхио Рамос, Кулибали и Ван Дајк. Ми се допаѓа како Холанѓанецот командува со целата одбрана во Ливерпул. Често со Де Врај зборуваме за него“, откри Словакот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…