Интересна изјава на поранешниот селектор на Португалија Луис Фелипе Сколари.
При примањето на „Златната топка“ Кристиано Роналдо изјави дека е најдобар фудбалер на сите времиња, а оваа негова изјава крена огромна „прашина“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу помладата популација веројатно нема ништо спорно во зборовите на Роналдо, но сепак поголем е бројот на оние кои не се сложуваат со оваа изјава.
Прв м уодговори бекот на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, потоа анкетата на Реал спроведена од навивачите му покажа дека не е најдобар ниту во историјата на Реал, доби одговор и од Барселона, а утрово и Диего Марадона му порача да не зборува глупости.
Овој талас го зафати и Луис Фелипе Сколари, бразилскиот тренер кој своеврмено соработуваше со Кристиано Роналдо во репрезентацијата на Португалија.
Во пресрет на финалето на Светското клупско првенство на кое за титулата ќе се борат Реал Мадрид и Гремио, Сколари изјави дека тренерот на Гремио, Ренато Порталупи бил подобар фудбалер отколку Роналдо.
„Ренато знаеше многу повеќе фудбал, единствена предност на Роналдо е што постигнува повеќе голови“, изјави Сколари за бразилските медиуми.