На 27-та Балканијада, која викендов се оддржа во Истанбул, нашиот репрезентативец Андреас Трајковски на своето деби за македонската репрезентација го освои бронзениот медал во дисциплината скок во далечина.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Уште пред почетокот на Балканијадата, тој изјави дека ќе се обиде да постигне што подобар резултат и со освоениот медал и резултат во Истанбул, – ветеното стана реалност.




Трајковски до бронзениот медал дојде со резултат од 7 метри и 62 сантиметри, којшто го постигна во втората серија од натпреварувањето, што е за 3 сантиметри пократко од македонскиот рекорд, кој е во негова сопственост и го постави на отвореното првенство во Скиве, Данска на 27.02.2022 година.




Сребрениот медал го освои Хрватот Марко Чеко со скок од 7 метри и 71 сантиметар, додека со злато се закити Измир Смајлај од Албанија со скок од 7 метри и 79 сантиметри.




Со овој резултат Трајковски покажа дека се наоѓа во одлична форма и дека ќе продолжи во иста насока и на следните негови натпреварувања оваа сезона.