Реномираниот англиски медиум „Скај Спорт“ потврди дека Тотенхем и ПСЖ постигнале договор и Лукас Моура ќе пристигне на „Вајт Харт Лејн“.
Според информациите на „Скај“ англискиот и францускиот клуб постигнале договор за сума од 25 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент се договораат личните услови на фудбалерот и се очекува истите наскоро да бидат договорени, по што ќе бидат закажани и медицинските прегледи.
Да потсетиме, неодамна самиот Моура потврди дека сака да замине и дека не е среќен во Париз, а за такво нешто доби дозвола и тренерот на „светците“, Унаи Емери.
BREAKING: Sky sources: @SpursOfficial agree £25m deal to sign Lucas Moura from @PSG_inside subject to medical and personal terms being completed. #SSN pic.twitter.com/CS9GafsyMr
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 29, 2018