Дома Фудбал Англија „Скај Спорт“ му ја соопшти казната на Карагер за срамниот потег (Видео)

„Скај Спорт“ му ја соопшти казната на Карагер за срамниот потег (Видео)

Британската телевизија Скај го суспендираше поранешниот фудбалер на Ливерпул до крајот на сезоната за инцидентот во кој тој плукна девојче од 14 години низ прозорот на неговиот автомобил.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Пред почетокот на наредната сезона ќе разговраме со Џејми за тоа дали е спремен да се врати на својата работа“, соопштија од „Скај“.

Карагер кој работи како стручен консултант во „Скај Спорт“ се извини после инцидентот.

Инцидентот се случи во саботата кога го легендарниот фудбалер го напушташе „Олд Трафорд“ каде што работеше за „Скај“ на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

На видео снимката се гледа како таткото на девојчето неколку пати го споменува резултатот од натпреварот во кој Јунајтед победи со 2:1, тоа го изнервира Карагер кој го отвори прозорот и плукна кон нив.

Карагер за „Скај“ работи од 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен НБА-кошаркар планира да ја признае вината во големата афера за обложување?

Бившиот НБА кошаркар Дејмон Џонс треба да ја признае вината по обвиненијата дека учествува…