Жозе Мурињо би можел да се врати и одново да работи во Серија А.
Португалскиот тренер Жозе Мурињо после не така успешната сезона во Манчестер Јунајтед би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред неколку недели Португалецот најави дека ќе се врати во јуни.
„Тренерската работа е навистина посебна. Уживам во секојдневната работа и сакам да се вратам ова лето, на самиот почеток на сезоната. Знам точно што сакам и затоа неодамна одбив три-четири понуди. Не зборувам за имиња на клубови, но според стилот на клубот точно знам што сакам и се надевам дека ќе одработам добра работа“, изјави неодамна Мурињо.
Потоа се појавија информации дека би можел во Баерн, а сега „Скај Спорт“ пишува дека Рома и Интер веќе оствариле контакти со „Специјалниот“.
Мурињо Интер го предводеше од 2008 до 2010 година и со овој клуб два пати беше шампион на Италија и стигна до титулата во Лигата на шампионите. Според информациите на „Скај“ Мурињо од неговиот иден клуб сака 10 милиони евра по сезона, но наводно за Интер спремен е да ги намали неговите барања и да прифати осум.
Португалецот кон средината на декември го напушти Манчестер Јунајтед, а освен Интер работеше уште во Челзи, Реал Мадрид, Порто, Леирија и Бенфика.