Уште една легенда се враќа во Арсенал, барем според најавите на медиумите на Островот!
Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тиери Анри би можел да се врати во Лондон и да биде еден од помошниците на Микел Артета!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ како што тврди оваа информација ја добил од доверлив извор. Покрај тоа се наведува и дека Анри нема да го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Белгија каде што работи како помошник на Роберто Мартинез.
Претходно се пишуваше дека Тиери Анри е заинтересиран да пристигне на „Емирати“ како прв тренер на екипата, но таа улога се многу веројатно (се чека само официјална потврда) ќе ја превземе Микел Артета.
Управата на лондонскиот клуб наводно има намера да собере дел од поранешните играчи кои ја разбираат филозофијата на Арсенал и Анри секако е идеален избор во тој сегмент.