Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Арсенал пред реализација на третиот најголем трансфер во својата историја

„Скај Спорт“: Арсенал пред реализација на третиот најголем трансфер во својата историја

Арсенал во минатата сезона имаше проблеми со одбраната, па клубот ќе се обиде да го реши тој проблем.

Како што пренесува „Скај Спорт“, Арсенал се договорил со Брајтон за трансфер на Бен Вајт. Најавите се дека за 23 годишниот стопер Арсенал ќе плати околу 55 милиони евра. Наводно, скоро се е договорено и остануваат уште финалните преговори околу договорот со фудбалерот и лекараските прегледи кои би требало да се завршат во наредните три-четири дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајт во Брајтон стигна во 2014 како 17-годишник од Саутемптон, но за првиот тим на Брајтон дебитираше дури во изминатата сезона. До тогаш беше на позајмици во Њупорт, Петрборн и Лидс. Кај Марсело Биелса во сезоната 2019/2020 ги одигра сите минути во сите 46 натпревари во Чемпионшип и помогна клубот да се пласира во Премиер лигата.

По враќањето во Брајтон минатата сезона пропушти само два натпревари и беше еден од најдобрите играчи во тимот на Грахам Потер. Во летото 2020 вредеше десет милиони евра, но сега според „Трансфермаркт“ е проценет на 25. Сепак, кога во прашање се трансферите, посебно на англиските играчи во Премиер лигата навикнавме таа сума да биде двојно поголема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…