Дома Фудбал Италија „Скај Спорт“: Антонио Конте постигнал договор со новиот клуб!

„Скај Спорт“: Антонио Конте постигнал договор со новиот клуб!

Изгледа сепак нема да има ништо од враќањето во Јувентус како што се најавуваше.

Од вчера вечер на големо се пишува дека Јувентус во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Наводно Масимилијано Алегри одлучил да ја напушти Италија за да се
пресели во редовите на Пари Сен Жермен кој му нуди плата од 7.5 милиони евра по сезона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се наведуваше дека негов наследник ќе биде Антонио Конте, но изгледа тоа нема да се случи. Алегри може ќе замине, но Конте нема да го наследи. Сега во јавноста воИталија како опции за нов стратег на Јувентус се појавија имињата на Синиша Михајловиќ, Симоне Инзаги и Маурицио Сари.

Италијански „Скај Спорт“ дознава дека Конте е многу блиску до клупата на Интер и дека тоа ќе се случи.

Конте во преговори со Интер е веќе подлго време и изгледа сега конечно двете страни успеале да се договорат. Според „Скај Спорт“ наскоро се очекува потврда од некоја од двете страни за оваа информација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина некогаш најдобриот фудбалер на Германија и апсолутна легенда на Милан

Во ноќта зад нас, почина познатиот германски фудбалер и легенда на Милан Карл-Хајнц Шнелин…