Бразилскиот фудбалер Артур Мело пристигна во Јувентус како скапо платено засилување, но испадна како најголемо промашување во поновата историја на клубот.
Неговиот трансфер од Барселона беше проценет на 72 милиони евра, а Јувентус плати 15 милиони евра плус Миралем Пјаниќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Артур требаше да биде големо засилување, но воопшто не се снајде во Јувентус, па клубот сака што побрзо да се ослободи од него.
Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е спремен да го испрати на 18-месечна позајмица со право на откуп.
За Бразилецот интерес покажуваат неколку шпански и француски клубови.