Дома Трансфер зона Скапата ѕвезда на Барселона потпишува за Јувентус бесплатно

Скапата ѕвезда на Барселона потпишува за Јувентус бесплатно

Договорот на Осман Дембеле со Барселона истекува во 2022 година и од клубот имаа неколку неуспешни обиди да ја продолжат соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лапорта во неколку наврати се обидел да постигне договор со неговиот агент, но наишол на ѕид, па медиумите пишуваа дека Французинот има план следното лето да си замине без пари.

Денес „Мундо Депортиво“ открива дека Јувентус веќе работи на тој трансфер и испратил понуда до агентот на Дембеле.

„Старата дама“ му нуди на Дембеле петгодишен договор тежок 12 милиони евра по сезона или вкупно 60 милиони евра, а трансферот би се реализирал следното лето кога истекува неговиот договор со каталонскиот клуб.

Барселона ќе се обиде да избегне такво сценарио и да го продаде ова лето, но сепак последната одлука ќе ја има Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…