Дома Фудбал Репрезентации Скандал: Новинар поткупил тренер за двајца играчи да играат на Мундијалот!?

Скандал: Новинар поткупил тренер за двајца играчи да играат на Мундијалот!?

nigeria

Tренерот на стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Нигерија, Салис Јусуф е суспендиран поради примање мито.

Фудбалскиот сојуз на Нигерија го казни Јусуф бидејќи земал 1.000 долари од новинар кој се претставил како фудбалски менаџер и побарал од него некои играчи да бидат во тимот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јусуф кој работи како тренер во стручниот штаб на селекторот Гернот Рор ќе мора да плати казна од 5.000 долари.

Тој беше прв помошник на Рор на Мундијалот во Русија, а самостојно ја водеше Нигерија во првенството на Африка претходно оваа година.

Парите за во тимот да ги стави Осас Окор и Раби Али ги добил пред турнирот игран во јануари и фервруари.

Овие двајца беа избрани, но Сојузот соопшти дека нема докази за тоа дали парите влијаеле на одлуката на Јусуф бидејќи тие во секој случај се очекувало да се најдат во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…