Денес започна последниот грен слем турнир годинава, а организаторите на Отвореното првенство на Франција се соочија со големи проблеми поради лошите временски услови
Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се направи скандал поради временските услови на Ролан Гарос, каде што имаше силен дожд и студено време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште од самиот старт на мечот, Азаренка не беше задоволна и се жалеше кај судијата, по што разговараше и со супервизорот.
„Ова е смешно. Не сакам да седам тука затоа што ми е ладно. Немам намера да чекам ниту минута, температурата е осум степени, а јас живеам на Флорида. Навикната сум на топло време“, кажа Азаренка.
Azarenka ain’t having it. #FrenchOpen pic.twitter.com/ZBBcq285FB
— Ben (@Jamin2g) September 27, 2020