Угледниот шпански весник „Марка“ предизвика скандал откако на својата насловна страна го нарече Тотенхем – еврејски клуб.
Пред дуелот Реал Мадрид – Тотенхем во ЛШ, весникот „Марка“ во описот за англискиот клуб посочи дека „еврејското потекло“ е причина поради која другите тимови го мразат тимот од Лондон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тотенхем во 135-годишната историја секогаш имал специфичен стил и имал некои големи фудбалери, но овој клуб секогаш бил омразен кај навивачите на останатите клубови поради своето еврејско потекло“, напиша „Марка“.
Ова предизвика бес во Англија, особено кај Тотенхем кој се огласи преку официјално соопштение.
„Изненадени сме што Марка, која себе си се нарекува угледен и професионален медиум, објавува вест која нема врска со вистината и е преполна со невкус“, стои во сооопштението на „спарси“.
Тотенхем е формиран далечната 1882 година и формиран е од луѓе и бизнисмени со еврејско потекло. Сегашниот сопственик и претседател, Џо Луис и Даниел Леви исто така се Евреи.