Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Скандал: Катар го наместил мечот со Еквадор!?

Скандал: Катар го наместил мечот со Еквадор!?

Новинарот, политичкиот аналитичар и регионалниот раководител на Британскиот центар за блискоисточни студии, Амџад Таха тврди дека Катар поткупил осум фудбалери на Еквадор за да има победнички старт на Мундијалот.

Ова обвинување предизвика вистински „земјотрес“ во спортските кругови на само два дена пред Мундијалот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светското првенство ќе се отвори во недела токму со дуелот помеѓу домаќинот Катар и Еквадор.

„Катар поткупи осум играчи од Еквадор за 7,1 милиони евра за да го изгубат натпреварот (0-1, гол во второто полувреме). Петмина инсајдери од Катар и Еквадор ја потврдија информацијата. Се надеваме дека ова е лага. Очекуваме ширењето на оваа информација да влијае на резултатот. Светот мора да се соочи со корупцијата во ФИФА“, напиша Таха на социјалните медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…