Францускиот ракометар Беноа Конкуд кој во неделата го прослави златниот медал на Европското првенство заврши во притвор поради обид за силување во ноќен клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Конкунд беше дел од одличната француска репрезентација која пред неколку дена го освои европското злато со победа над Данска во финалето.
„Доцна во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот францускиот репрезентација во алкохолизирана состојба наводно соблекол и сексуално нападнал млада девојка“, објави „Л’Екип“.
Конкуд е ракометар на полскиот Киелце, а бил запрен од обезбедувањето во клубот кое го задржало до пристигнувањето на полицијата. Според информацијата девојката која била жртва имала 20 години.