Дома Фудбал Светско првенство во фудбал СКАНДАЛОЗНО: Од Србија тврдат дека имаат цврсти докази кои докажуваат дека се оштетени

СКАНДАЛОЗНО: Од Србија тврдат дека имаат цврсти докази кои докажуваат дека се оштетени

Репрезентацијата на Србија е поразена синоќа од Швајцарија со 2:1 во второто коло од групната фаза на Мундијалот во Русија.

Србија по првото полувреме имаше водство од 1:0, благодарение на погодокот на Митровиќ, но Швајцарците во продолжението од мечот дојдоа до пресврт и голема победа. Сепак, голема прашина се крена по мечот во српската јавност, поради арбитражата на германскиот судија, Феликс Брајх.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Србија сметаат дека се оштетени при резултат 1:1,кога главниот судија не досуди пенал, односно воопшто не сакаше да ја користи ВАР технологијата кај спорната ситуација над Митровиќ. Играчите на Србија бараа Брајх да ја погледне снимката бидејќи беа сигурни дека е пенал, во судијата тоа го одби бидејќи беше уверен дека донел правилна одлука.

По се, се огласија луѓето задолжени за ВАР преку Твитер профилот. Тие открија дека од ВАР собата веднаш ја прегледале снимката и му порачале на Брајх дека треба да ја погледне истата, но тој тоа го одбил бидејќи бил сигурен во својата одлука. Јавноста во Србија смета дека тоа е најдобар доказ дека Србија е намерно оштетена во синоќешниот меч, и дека ова е скандал кој се уште се нема видено во светот на фудбалот.

„ВАР автоматски ја премотал снимката од спорната ситуација на мечот помеѓу Србија и Швајцарија. Откако проверката беше завршена, беше сугерирано на судијата Брајх да ја прегледа снимката. Само главниот судија може да побара официјален преглед, за да ја потврди својата одлука. Тој беше задоволен од својата одлука која ја донесе на теренот“, се вели на официјалната страна на ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …