Дома Топ вести „Скандалозно е тоа што Перез се јави 20 минути по мечот и се жалеше на судењето, ВАР не беше повеќе ист!“

„Скандалозно е тоа што Перез се јави 20 минути по мечот и се жалеше на судењето, ВАР не беше повеќе ист!“

Многу прашина во шпанската јавност се крена по вчерашниот натпревар помеѓу Атлетик Билбао и Реал Мадрид.

„Кралскиот“ клуб успеа да дојде до победа со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Серхио Рамос од пенал. Но, само неколку минути подоцна се чинеше дека и Билбао треба да добие пенал, но никој од собата на ВАР не реагираше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа налути многумина во Шпанија, посебно навивачите на Барселона, кои тврдат дека судиите навиваат за Реал Мадрид да стане шампион.

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас кажа дека многу работи се смениле во јануари кога Флорентино Перез се жалел на судењето.

„ВАР во Шпанија се променија откако Перез во јануари се јави и се жалеше на судењето. Тој 20 минути по меч на Реал се јави и тоа според мене е скандалозно, недозволиво и непримерно“, откри Тебас.

„Според мене тоа е директен притисок врз судиите и судењето. Тој повик измени се, создаде непотребен притисок и несогласување меѓу судиите во просторијата ВАР и главниот судија на теренот“, додаде Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона и Наполи спремаат голема трампа

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…