Дома Фудбал Останато Скандалозната порака на УЕФА која беше избришана

Скандалозната порака на УЕФА која беше избришана

УЕФА на својот официјален профил за Лига Европа утрово објави порака поради која доби остри реакции од јавноста.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На профилот на Лига Европа беше објавено „среќен четврток“ и тоа откако Русија ја нападна Украина. Секако, објавата беше намената за натпреварите кои се играат вечерва во ова натпреварување, меѓутоаа дефинитивно не беше момент за ваква порака.

Набрзо во УЕФА ја сфатија грешката и објавата беше избришана. Инаку, на големо се најавува дека УЕФА ќе го одземе домаќинството на финалето во Лигата на шампионите од Санкт Петербург поради актуелната ситуација.

На оваа тема ќе се разговара на итниот состанок кој УЕФА го повика за утре. Најголем фаворит да го замени Санкт Петербург е Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…