Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Скалони ги заштити фудбалерите после скандалите со Холандија

Скалони ги заштити фудбалерите после скандалите со Холандија

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони зборуваше на пресконференцијата пред полуфиналето со Хрватска.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Секако главна тема беа скандалите кои настанаа на четвртфиналниот дуел со Холандија, па Скалони застана во одбрана на своите фудбалери.

„Тоа е фудбал. Критиките кон нас не беа праведни, бидејќи ние знаеле како да губиме и да победуваме. Загубивме против Саудиска Арабија и не кажавме ништо. Кога победивме против Бразил имаше убави моменти меѓу фудбалерите, особено меѓу Меси и Нејмар“, изјави Скалони.

„Ја анализиравме Хрватска, тие се навистина неверојатен тим со одлични фудбалери. За мене е задоволство како некој кој го сака фудбалот да го гледам Модриќ на теренот, не само поради квалитетот, туку и респектот кој го покажува кон противниците“, додаде селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Седум фудбалери на Реал Мадрид го пропуштаат „Ел Класико“

Нешто не чини во Реал Мадрид, тоа е јасно на сите по тепачката меѓу Валверде и Чуамени, а …